Земјотреси ги вознемирија жителите во Дебарско
03.04.2015 10:02
Според албанските медиуми, епицентарот на еден од земјотресите (со јачина од 3,2 рихтерови степени) бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза..

Три посилни и уште најмалку два помали потреси утрово ги вознемирија жителите од дебарскиот регион. Првиот земјотрес беше почувствуван во три минути до четири часот, вториот во 4:14, а третиот во пет минути до седум часот, пренесува МИА.
Според албанските медиуми, епицентарот на еден од земјотресите (со јачина од 3,2 рихтерови степени) бил осум километри од рударското албанско гратче Булќиза кое се наоѓа на десеттна километри од Дебар, додека на другиот со јачина од 3,8 степени бил 52 километра југоисточно од Тирана.
