Пет последователни земјотреси регистрирани во дебарско
елеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија соопшти дека регистрирала серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 110 километри југозападно од Скопје и потекнуваат од дебарското епицентрално подрачје...

Серија од пет земјотреси регистрирани се ноќеска во дебарското епицентрално подрачје. Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија соопшти дека регистрирала серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат на 110 километри југозападно од Скопје и потекнуваат од дебарското епицентрално подрачје. Дел од овие земјотреси беа почувствувани во Дебар и околината, земјотресите биле со јачина од три до пет степени според Европската макросеизмичка скала.
Првиот е регистриран во три часот и 57 минути (со интензитет од четири степени), вториот во четири часот и 14 минути (со интензитет од пет степени), третиот во четири часот и 18 минути (со интензитет од три до четири степени), четвртиот во четири часот и 30 минути (со интензитет од три до четири степени) и петтиот во шест часот и 54 минути (со интензитет од четири до пет степени).
Според досегашните макросеизмички податоци, овие земјотреси освен мала вознемиреност кај населението не предизвикале материјални штети, соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија.
