Јемен: За две недели загинале повеќе од 500 луѓе
03.04.2015 12:09
Дестици илјади ги напуштиле своите домови, а дел од нив по море заминале за Џибути и Сомалија...

Повеќе од 500 луѓе, од кои 90 деца загинале, а околу 1700 биле ранети во текот на последните две недели во судирите во Јемен.
Дестици илјади ги напуштиле своите домови, а дел од нив по море заминале за Џибути и Сомалија.
Заменик-генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања ги повика сите страни во конфликтот да го почитуваат меѓународното право и да ја гарантираат безбедноста на цивилите.
