Авганистан: 17 загинати во бомбашки напад
03.04.2015 12:11
Насилството во Авганистан е во пораст откако минатата година се повлече дел од странските сили...

Најмалку 17 лица загинаа, а 50 се ранети кога бомбаш самоубиец активирал експлозив на протест против корупцијата во Хост, провинција на истокот од Авганистан. Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.
Демонстрациите против корупција во земјата траат со денови. Насилството во Авганистан е во пораст откако минатата година се повлече дел од странските сили.
Новата НАТО мисија е фокусирана на обука, а само еден мал контингент од 1 800 американски специјалци се борбено активни.
