Зелено светло за „Македонија вработува“ од социјалните партнери

03.04.2015 14:04

Наместо социјална помош, проектот ќе обезбеди сигурна работа и плата. Ќе се раздвижи економијата и ќе се подобри животниот стандард...

Зелено светло од Социо- економскиот совет за проектот „Македонија вработува“. Ќе отвори 150 илјади нови работни места за сите категории граѓани.

Би сакал да ги поттикнам сите невработени кога ќе стапат во сила овие мерки да учествуваат и да аплицираат на јавните повици кои ќе бидат отворени од страна на приватните компании, но и да ги повикам приватните компании да земат учество во реализацијата на овие мерки, за кои верувам дека значително ќе придонесат за намалување на невработеноста во Република Македонија во период од една година во кој тие ќе се спроведуваат, истакна министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Наместо социјална помош, проектот ќе обезбеди сигурна работа и плата. Ќе се раздвижи економијата и ќе се подобри животниот стандард.

За Сојузот на синдикатите на Македонија со овој проект за првпат се решава проблемот на една повозрасна категорија граѓани над 50 и над 58 години. Со овие мерки дополнително ќе се поттикне јавната потрошувачка, бидејќи со новите вработувања ќе се подобри социјално-економската состојба на многу семејства.