Бостон не го запре Портланд

12.01.2014 13:45

Портланд чекори со победнички курс и повторно притиска да се врати на врвот на западот во НБА лигата. Во „Роуз гарден“ ноќеска падна Бостон со 112-104. Портланд  ја прослави 28-та победа сезонава во 37-от натпревар, а со тој биланс е втор во конференцијата зад Сан Антонио, кој не настапи во ноќешата програма во професионалната кошаркарска лига. Трета е Оклахома, која на двата пораза на претходните мечеви одговори со триумф над Милвоки со 101-85.

Гостинскиот паркет не беше пречка за Њујорк и за Хјустон. Њујорк победи во Филаделфија со 102-92, а Хјустон во Вашингтон со 114-107. На другите средби домашните екипи беа сигурни. Торонто го совлада Бруклун со 96-80, Детроит се радуваше против Феникс со 110-108, Чикаго беше поуспешен од Шарлот со 103-97, а Далас од Њу Орлеанс со 110-107. Денвер одигра извонрендо против Орландо, а тоа го потврдува и конечниот резултат120-94.

Атланта на Перо Антиќ денеска ќе му гостува на Мемфис со надеж дека ќе го забележи 21-от триумф. Екипата на македонскиот кошаркар е трета на истокот зад Индијана (ефект 29-7) и Мајами.