Втора црна кутија: Авионот на Џерман вингс бил урнат намерно
03.04.2015 15:16
Според претходните наоди од снименото во пилотската кабина, копилотот го заклучил пилотот надвор од кабината.
Податоците од втората црна кутија од авионот на Џерман вингс потврдија дека копилотот намерно го предизвикал уривањето. Андреас Лубиц, неколку пати внесол промени во автопилотот за да ја зголеми брзината на падот.
Според претходните наоди од снименото во пилотската кабина, копилотот го заклучил пилотот надвор од кабината.
Германските истражители утврдиле дека Лубиц истражувал начини за самоубиство и го проучувал системот за заклучување на кабината, една недела пред урнувањето, во кое загинаа 149 патници.