За 40 евра од Скопје до Женева

03.04.2015 15:06

Според директорот на „Свис“, Бернард Водл, овој лет ќе се придонесе кон продлабочување на врските меѓу Македонија и Швајцарија...

Oд Скопје до Женева за само 40 евра со новата директна авиолинија. Еден лет во неделата со „Свис“. Директорот на ТАВ Македонија Зоран Крстевски на денешната промоција на новата директна авионска линија, рече дека таа е од интерес на иселениците од Македонија во оваа држава и дека ќе придонесе кон поттикнување на туризмот.

Крстевски посочи дека во првите три месеци патувале 264.213 патници, а релаизирани се 2.932 полетувања и слетувања.

Според директорот на „Свис“, Бернард Водл, овој лет ќе се придонесе кон продлабочување на врските меѓу Македонија и Швајцарија.

Скопје станува се поинтересна туристичка дестинација, како и Охрид, и на овој начин очекуваме Македонија да ја приближиме на Швајцарија, смета Водл.