Силен отпор, нов пораз

12.01.2014 14:14

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа деветтиот пораз во годинашните настапи во Јадранската лига. Македонскиот шампион му зададе големи проблеми на Будуќност, и тоа на негов терен, но сепак капитулираше по дополнителните пет минути со 87-79. Во основниот тек од натпреварот во Подгорица беше 70-70.

Гечевски постигна 22, Чековски 17, а Синовец даде 12 поени. Кај Будуќност најефикасен беше Витковац со 20 коша, а Акиндејл заврши со 19. МЗТ Скопје и натаму е во вториот дел од табелата со биланс 7-9, а црногорскиот претставник котира високо, се наоѓа меѓу водечките екипи и е сериозен кандидат за учество на завршниот турнир за титулата.

Во 16.коло од јадранското друштво денеска Игокеа ќе ја пречека Мега Визура, а Партизан е голем фаворит против Крка.

***

Јадранска лига, 16.коло, резултати

Будуќност – МЗТ Скопје 87-79

Солнок – Цибона 63-64

Олимпија – Широки 77-62

Раднички – Црвена Звезда 73-78

Цедевита – Задар 83-59

Денеска:

Игокеа – Мега Визура

Партизан - Крка