Најостра осуда за обидите за политички влијанија врз деца

03.04.2015 16:37

Осуда за обидите за политичкото влијание врз учениците стигна од Здружението за заштита на децата. Апелираат до сите политички структури да не ги користат учениците во сопствените политички игри. Од Здружението велат ќе преземат мерки и активности за надминување на состојбите поврзани со кршење и непочитување на детските права...

Законите со кои се штитат правата на децата се јасни- забранета е каква било нивна злоупотреба за политички цели. Заменикот правобранител Бајрамовска ги осуди сите обиди за политичко влијание врз средношколците. До оваа институција и до Меѓаши, вчера Унијата на средношколци поднесе претставки под сомнение дека нивни соученици биле злоупотребени од некои политички партии.

„Во сите активности кои што се однесуваат на децата треба да биде предвид нивниот најдобар интерес, онака како што налага Конвенцијата за правата на детето и домашното и меѓународното законодавство. Генерално се забранува политичкото инволвирање на децата или злоупотребата на децата за политички цели. Дали се работи за таков случај треба да се испита“, изјави Васка Бајрамова-Мустафа, заменик Народен правобранител.

Осуда за обидите политички да се злоупотребат учениците стигна и од Здружението за заштита на децата. Апелираат до сите политички структури да не ги користат учениците во политичките игри. Здружението соопшти дека ќе преземе мерки за надминување на оваа состојба и апелираа до родителите да не дозволуваат нивните деца да потпаѓаа под политички влијанија. Наставници сметаат дека некој ја користи неиформираноста на средношколците за да манипулира со нив.

„Оваа состојба со средношколците е последица од една страна на манипулација на истите, а од друга стрнаа тие не се свесни и не се информирани за тоа за што точно протестираат, голем дел од нив го злоупотребуваат тоа за свои лични интереси, од типот одење на кафе, ескирвирање од повторување и слично“, изјави Јасна Трајановска.

Од Унијата на средношколци велат дека се позабележително е политичкото влијание кај младите и нивната злоупотреба за остварување нечии лични интереси..

„Таканаречениот средношколски пленум, кој е невалидна, неформална и нелегитимна организација, формирана од политички побуди, успеа да изманипулира група ученици кои протестираа за нешто што не постои. Протестираа против задолжителна математика на државна матура“, велат од Унијата на средношколци.

Од Унијата на средношколци со апел до средношколците да не подлегнуваат на политички влијанија.

 

Викторија Тодоровска