Три нови случаи на туларемија, надлежните ги преземаат сите против епидемиски мерки

03.04.2015 16:42

Досега регистрирани се вкупно 28-мина заболени од туларемија. Епидемија е проглаена во општибна Лозово каде досега беа потврдени 12 случаи...

Тројца ново- заболени од туларемија покажаа лабораториските анализи на Институтот за јавно здравје. Лицата се во добра состојба и пуштени се на домашно лекување. Сите се од скопското подрачје- двајца од Арачиново, а еден од Чаир каде за прв пат се појавува ова заболување. За сега не е познато како лицето ја добило инфекцијата и дали патувало во заразените подрачја. Заболените се на возраст од 19 до 37 години.

„Треба да се знае дека туларемијата може да се пренесе и индиректно преку инфицирани или загадени овошје или зеленчук, со измет или фекалии од глодари или други животни, затоа уште еднаш останува препораката за добро миење на овошјето и зеленчукот“, изјави д-р Јованка Костовска - сектор за превентивна здравствена заштита.

Досега регистрирани се вкупно 28-мина заболени од туларемија. Епидемија е проглаена во општибна Лозово каде досега беа потврдени 12 случаи.

Надлежните велат дека ја следат состојбата и ги преземаат сите против епидемиски мерки. Редовно се врши испитување на квалитот на водата за пиење во загрозените подрачја.

Извршена е дератизација, а во тек чистење и санација на каптажите на водоснабдителните системи во критичните региони.

 

Андријана Атанасовска