Автопатот Демир Капија- Смоквица забрзано се гради

04.04.2015 13:26

Очекувањата се дека Коридорот 10 ќе овозможи брз проток на луѓе и стоки. Патот до грчка граница се намалува за осум километри...

На половина од рокот за завршување на работите, изведувачот на Автопатот од Демир Капија до Смоквица реализирал 55,11% од планираното. Статистиката на Агенцијата за патишта покажува дека кај двата двоцевни тунели завршена е 76,43% од работата. Кога станува збор за мостовите, завршени се малку над половина од работите, односно 51 процент.

Очекувањата се дека Коридорот 10 ќе овозможи брз проток на луѓе и стоки. Патот до грчка граница се намалува за осум километри во споредба со стариот пат,а времетраењето на патувањето за 30 минути. Од Здруженијата на таксисти од Струмица велат дека придобивките ќе бидат големи.

Користа од сите автопатски делници е голема, но струмичките авто-превозници со нетрпение го чекаат завршувањето на автопатот Миладиновци- Штип.

Должината на трасата на оваа автопатска делница изнесува 28,18 километри. На отворената траса финишира работата на подпатниците со степен на изведба од 97%, а кај надпатниците изведени се 44% од работите.

Изведувач на работите е грчки Актор, а за автопатското решение на Коридорот 10 ќе бидат потрошени 210 милиони и 148 илјади евра. Крајниот рок на изградба е 2016 год.

 

Катерина Давчева