Реакциите не стивнуваат- договорот со Иран доаѓа во вистински момент

04.04.2015 19:48

Аналитичарите велат дека договорот дојде во вистински момент, затоа што со отстранувањето на програмата од списокот на проблеми, барем за кртатко време ќе биде олеснителна околност во турбулентниот регион...

Во Иран не стивнува еуфоријата кај иранците по потишувањето на договорот на Техерен и шестте светски сили за нуклерната програма, во замена за постепено  укинување на санкциите. И покрај тоа што овој напредок наиде на критики од иранските конзервативци со образложение дека во договорот Иран премногу дал, а малку добил, кај мнозинството млади иранци на веселбата се уште и нема крај, бидејќи не сакаат повеќе санкции.

„Многу сум среќна што работите ќе тргнат на добро... Конечно, ќе нема ограничувања. Добро е што се нормализираат односите со Европа и со светот“, велат жителите.

Според  добите познавачи за спорната нуклерна порграма чии што преговори траат  цели 58 години, во Иран победи прогресивната структура која што не беше задоволна од радикланите ефекти од исламската револуција.

Аналитичарите велат дека Обама со овој потег не ги победи русите, туку јастребите во американксиот Конгрес и лобистите на камањата коишто произведуваат оружје. За  американкиот претседател Барак Обама, дипломатското решение е најдобриот избор,  и покрај тоа што Израел вели дека нема да го прифати договорот, особено од земја која што не ја признава израелската држава.

„Ова е добар договор кој е во согласност со нашите цели вклучувајќи го и стриктното  ограничување на иранската програма и оневозможување на Иран да развие нуклеарно оружје“, рече претседателот Обама.

Арапските медиуми пишуваат дека најголем губитник ќе биде Саудиска Арабија, од причина што отткако на Иран ќе му бидат укинати санкциите, кога нафата од иранските полиња ќе се појави на светескиот пазар, тогаш ќе се намали интересот за трговија со Ријад и владата којашто го спорведува теророт во регионот.

Експертите велат дека претстојат тешки денови за финализирање на договорот, што мора се да заврши до 30-ти јуни и препорачуваат дека согласноста за овој договор е важен резултат, но сеуште не е момнет за еуфорија.

 

Мирјана Василева