Католиците го слават Велигден
05.04.2015 10:26
Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија...

Католиците денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово - Велигден.
Традиционално во Македонија, централното одбележување по повод празникот се одржа синоќа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде имаше велигденска воскресна литургија.
На литургијата присуствуваа и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.
