Руски затвори

12.01.2014 16:46

Ова не е пеколот, но од овде се гледа. Среде снежната тајга бодликавата жица само го засилува чувството на изолација. Руските затвори важат за едни најстрогите во светот. Сталиновиот гулаг се среќава со модерна Русија во 760 казнени работни колонии –разликата е во механизираните решетки, православните попови и скајп.

Ова не е пеколот, но од овде се гледа. Среде снежната тајга бодликавата жица само го засилува чувството на изолација. Руските затвори важат за едни најстрогите во светот. Сталиновиот гулаг се среќава со модерна Русија во 760 казнени работни колонии –разликата е во механизираните решетки, православните попови и скајп.

Самицта е редовна мерка. Оддалечени од големите градови и до 500 километри, затворениците ретко добиваат посети - се охрабруваат семејните контакти преку скајп и покајанието во затворската црква, но не и болничката грижа. Меѓу жителите на казнените колонии беа олигархот Ходорковски и девојките од Пуси Рајот.

„Користат колективна казна: ако се жалиш, нема топла вода. Ја исклучуваат за сите. Чуварот на соседната единица, десната рака на полковник Купријанов, отворено побара затвореничките да ми пречат во достигнувањето на работната норма за да ме пратат во келијата за „оштетување на владина сопственост. Им наредија на затворениците да провоцираат тепачка со мене“, опиша Надежда Толоконикова во писмо со кое од Обединетите нации побара истрага на руските казнени установи.

Казнената колонија Номер 6, на границата со Казахстан, е една од најстарите во Русија. Црниот делфин, го добил името по скулптурата изделкана од затворениците. Првпат се споменува во далечната 1745, а денес е еден од 8-те строго обезбедувани затвори.

Чуварите ги водат затворениците со превез на очите, наведнати, со рацете врзани зад грб, за максимална контрола. Изолацијата е максимална – келија во келија под 24-часовен надзор, секојдневни претреси и забрана да седнат на креветот од будење до заспивање. Гласините за злоупотреба од страна на персоналот не се поткрепени со официјални жалби. Со суровоста на колонијата се рамни само со таа на нејзините „жители“ – педофили, убијци, терористи и човекојадци.

„Се враќав дома од забава, поднапиен. До мојата зграда, уште еден, исто така поднапиен човек, ми побара запалка. Се скаравме и се степавме. Тој ме удри мене, а јас него. Умре. Што требаше да направам? Го довлеков до бањата, му ги отсеков главата, рацете и нозете и одненадеж ми текна – зошто да не го пробам?“, вели Владимир Николајев, осуден за канибализам.

Руските затвори се често мета на критики за нечовечки третман. Се наоѓаат на врвот на топ листите за најстроги во светот, но рамо до рамо со нив се и американските, особено Гвантанамо познат по аферата со измачувањето со вотербординг.