Развој на свињарството со производство на сопствена добиточна храна
Со производство на сопствена добиточна храна, за која има одлични услови во целата држава, но и во регионот може да се развива свињарството. Фармата на Пандиловски во кумановско Романовце е одличен пример на свињаска фарма е по сите стандарди, каде што во моментот има околу 1.300 свињи и една од најголемите во кумановско и регионот...

Во Македонија има услови и можности за развој на свињарството. Поднебјето со одлични климатски услови за производство на добиточна храна , може да се искористи за развој на оваа гранка, а со многу труд и рабоата ова може да биде и одличен бизнис.Фармата на Раде Пандиловски од кумановското село Романовце,една од најголемите во регинот каде одгледува 1.300 свињи, за кои е потребно 2 тони жито дневно за храна. Пред две децении почнал со неколку свињи за свои потреби, но подоцна полека почнал да го зголемува бројот грлата добиток.
„Постепено го зголемував бројот и стигнав до 130 мајки.Во оваа фарма има од сите раси на свињи и според мене е едно од најдобите чекалишта од отворен тип во државата“, изјави фамерот Раде Пандиловски.
Фармерот Пандиловски вели дека сериозно треба да се пристапи кон развојот на свињарството.Тој воедно обработува 80 хектари земја , земени по концесија и има сопствен милн и силоси со 450 тони жито. Има сигурен пласман со склучен договор со кланица од Свети Николе и Гостивар. Периодот што следи не е многу поволен за одгледувачите на свињи. Во овие и следните месеци цената ќе биде 80 денари за килограм, поради намалена побарувачка.
„Во овој период цената паѓа, но ние сме свесни на овој факт и овој недостак ќе го покриеме во наредните месеци.Сметам дека во секоја работа па и во оваа иако не е популарна за младите, но ако се работи добро и посветено, ќе има добивка“, додава Пандиловски.
Фармерите добиваат по 1.000 денари субвенции за секоја свиња и за секоја мајка. Субвенциите се во таа вредност за до 5.000 свињи, а потоа процентуално се намалуваат во зависност од вкупниот број на свињи што ги има фармата. Субвенционирање има и преку Програмата за рурален развој со која се субвенционираат приплодните грла со 50 отсто и субвенционирање преку ИПАРД програмата.
Габриела Димковиќ
