Убавата книга не попушта под притисокот на интернет технологијата
Допрата книга се бори со новите технологии како што е интернетот- ништо не може да го намали задоволството да се прочита и препрочита интересна книга. Битолчани си ги баарат назад старите книжарници и не само тие, туку и другите љубители на добрата книга...

Книгата и понатаму е алатката која и сиромавиот го прави богат. Нејзините традиционални вредности ја прават да биде најдобриот другар кој на свој начин ги отвара и најдалечните хоризонти во светот. Онаму каде писателите преку пишаниот збор го создаваат делото.
„Секогаш кога имаам можност сакам да прочитам убава книга. Имам купено повеќе книги се надевам дека и оваа последнава ќе ги задоволи моите читачки страсти“, вели Симона Стојановска.
За писателите значајно е што убавата книга сеуште не попушта пред пркосот на интернет технологијата. Оние од внатречноста бараат полесен начин нивното дело да патува од рака во рака.
„Доколку се вратат старите книжарници во Битола полесно ќе се наоѓа нашата книга вака само остануваат саемите и библиотеките“, вели битолскиот писател Радован Цветковски.
Иако Македонија е мал пазар сепак според глава на жител високо котираме на европската читателска скала, велат издавачите.
„Македонските читатели највеќе го сакаат домашното, но тука се и преводи од белистритиката како и книгите за најмладата популација“ вели продавачот Роберт Богдановски.
„Радува фактот што бројот на читатели се зголемува дури и кај помладите тоа значи дека и понатаму ќе зборуваме за високите традиционални вредности на книгата“, вели директорот на „Матица“, Дејан Павлевски.
На љубителите на пишаниот збор на располагањ им стои и универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ со фонд од над 600.000 книги.
Но, за оние кои создават мини домашни библитеки неопходно е продажните места да се доближат.
Стевче Митревски
