Верниците од католичка вероисповед го прославуваат Христовото воскресение - Велигден

05.04.2015 16:37

Христијаните кои се водат по Грегоријанскиот календар си честитаат: Христос Воскресе – Навистина Воскресе. Денеска го празнуваат Велигден. По мисата во Католичката црква во Скопје, верниците се упатија во своите домови, за да го прослават празникот во кругот на своето семејство. Папата Франциск повика на мир во светот...

Христос воскресе – навистина воскресе. Христијаните кои се водат по новиот календар го празнуваат најсветлиот празник Велигден. Се верува дека на Велики Петок исчезнала темнината и заблескало утрото на воскресението на Исус Христос. Тоа светло веќе две илјади години на сите луѓе им го покажува патот кон среќата и спасението.

По утринската миса верниците со црвени јајца, кои ја симболизираат крвта исусова, се собираат покрај семејната трпеза.

Милиони верници присуствуваа на плоштадот Свети Петар во ватикан, да ја слушнат пораката на Папата Франциско.

Велигден е ден на радоста и најзначајниот ден во историјата на човештвото.

 

Александра Перевска