Државниот врв и политичките партии со честитки до верниците по повод Велигден

05.04.2015 16:18

На Велигден се разгласува веста за Христовото воскресение која е радост, утеха и поука за верниците. Нема поголема радост од онаа кога се празнува животот...

Честитки до верниците од католичка вероисповед за празникот Велигден испрати државниот врв. Претседателот Иванов напиша: „На овој ден сите Христијани се присетуваат на пораката испратена со христовото жртвување за спас на човештвото. На Велигден се разгласува веста за Христовото воскресение која е радост, утеха и поука за верниците. Нема поголема радост од онаа кога се празнува животот“.

Честитка за Христијаните кои денеска го празнуваат Велигден испрати премиерот  Груевски. „Целта и смислата на животот се исцрпува во живеењето во согласност со нашите заеднички христијански традиции и вредности, со безусловна љубов за бога и за секој човек. Тоа е патот кон душевен и меѓучовечки мир и разбирање, пат на меѓусебно почитување, помагање и добрина“ – напиша Груевски.

Честитики испратија и политичките партии. Лидерот на СДСМ на верниците им посака празниците да ги минат во духовен мир, семејна хармонија и во добро здравје. Од ВМРО-ДПМНЕ им посакаа спокојот, мирот, хармојата и љубовта да ги споделат со најблиските, оти овие вредности треба да се одраз на работењето на сите во нашето општество.