Со правилник се завршува субјективизмот кај судиите

12.01.2014 16:53

Судиите претерале со субјективизмот при изрекувањето на санкциите за кривични дела

Си суделе  како сакаат, зависно од тоа кого судат и каде судат. Неодамнешната анализа на домашни  и странски експерти покажала голема нерамномерност воочлива кај сите кривични дела. Така доколку сторителот е суден  во скопското апелациско подрачје за тешки кражби на пример, добивал  двапати поголеми казни од оние во гостиварското. Од прилика такви се состојбите и за делата злоупотреба на службената должност , загрозување на безбедноста во сообраќајот и други кривични дела. А каква е перцепцијата на граѓаните?  

Со правилник Владата ќе и стави крај на оваа појава. Особено поради тоа што изречените казни во различни судови за исти дела биле различни, често под  најниско предвидената граница со закон.

-„Или одеа многу подоле од минималната предвидена граница, или, пак, даваа определени кривични санкции во зависност од тоа каде судат, во кој суд судат и во зависност од преголема субјективност и мислење за сторителот на кривичното дело“, изјави  Александар Георгиев, портпарол на Владата на РМ

Правилникот ќе ги вклучува мислењето на судиите, јавниот обвинител и на адвокатската комора.

Правилникот  нема да ја загрози слободата на одлучување на судиите тој само ќе предвиди санкции зависно до тоа дали  лицето првпат или неколкупати  сторило кривично, видот на  делото и законскиот опсег.

Откако ќе помине во Собранието претседателот на Врховниот суд е должен да го донесе во рок од 30 дена.

Фиљана Кока