Дипломатија: Заев ја загрозува позицијата на Македонија
Објавените прислушувани разговори отворија повеќе прашања за односите на земјава со светот. Премиерот Груевски од Тетово порача дека инфраструктурните и безбедносните проекти со Кина и Израел ќе продолжат и дека е недозволиво две пријателски земји да се вмешуваат во, како што ги нарече, валканите игри на опозицијата...

Нема да успее обидот на опозицијата да и наштетат на соработката и партнерството со земји кои со децении наназад ни помагаат во различна форма – порача од Тетово, лидерот на ВМРО ДПМНЕ и премиер Никола Груевски. Целта на Заев, според него е застој на економскиот раст, изолирање на земјата и прекин на безбедносната соработка во што нема да се успее. Вака Груевски ги коментираше објавените аудио материјали на СДСМ во кои се инволвирани Кина и Израел. Тој директно посочи дека нема да престанат ниту инфраструктурните проекти со Кина, ниту безбедносните со Израел.
Нема да застанат проектите кои ги помага најбројната нација – рече Груевски. Заев се обидува да ги загрози односите со една од најголемите светски сили, која не признала под уставното име и со која имаме беспрекорни односи и многу локалн и регионални проекти.
Според лидерот на владеачката партија тоа што опозицијата го прави е еднакво на велепредавство, кое ќе им се врати како бумеранг, а односите со сите пријателски држави Македонија ќе продолжат да се негуваат. Груевски од Тетово порача дека сценариото на опозицијата нема подршка меѓу граѓаните бидејќи со постапките се нарушува угледот на државата.
Миле А. Ристески
