Отворен Медицински симулациски центар, инвестиција од 37 милиони денари

05.04.2015 17:26

Во него, на специјални кукли кои реагираат како жив пациент, ќе можат да се обучуваат и да тренираат студенти, специјализанти, доктори...

На Клиниката за гинекологија е отворен Медицински симулациски центар. Во него, на специјални кукли кои реагираат како жив пациент, ќе можат да се обучуваат и да тренираат студенти, специјализанти, доктори.

Тие ќе можат да симулираат разни животно загрозувачки ситуации. Студентите и државниот испитит ќе ги полагаат во овој центар.

Вредноста на набавената опрема изнесува 37 милиони денари.