Кошарка НБА

Антиќ со 9 поени за 57 триумф на Атланта, Голден Стејт ја прослави 63 победа

05.04.2015 17:30

Атланта само ја потврди стартната позиција број 1 за “плеј оф“ мечевите со својата 57 победа, или 8 повеќе од Кливленд...

Перо Антиќ постигна 9 поени за 15 минути игра, во убедливата победа на Атланта над Бруклин со 131 : 99. Македонецот постигна две тројки од 3 обида и по еден прецизен шут за два поена и од слободни фрлања. Атланта само ја потврди стартната позиција број 1 за “плеј оф“ мечевите со својата 57 победа, или 8 повеќе од Кливленд.  Во дербито на вечерта Голден Стејт славеше во Далас 123 : 110 и дојде до својата 63 победа. Тимот од Окленд има фантастична сезона и практично ја обезбеди првата позиција на Западот, но и домашен терен во случај да игра во големото НБА финале.

Во битка за разигрувањето Детроит го совлада Мајами 99 : 98 и ги спушти “жешките“ на 9 место. Тоа го искористи Бостон кој исто така минимално славеше  во Торонто 117 : 116 и се најде на 8 позиција. Во игра за “плеј оф“ е и Шарлот по победата 92 : 91 над Филаделфија. Домашниот паркет го искористија Феникс против Јута со 87 : 85 и Портланд против Њу Орлеанс 99 : 90, додека на гости се радуваа Вашингтон против Мемфис 93 : 83, Орландо над Милвоки 97 : 90 и ЛА Клиперс во Денвер со 107 : 92.  Досега се познати 11 учесници во постсезоната и тоа 5 од Источната и 6 од Западната конференција, а за преостанатите 5 места конкурираат вкупно 9 екипи.