47-от ИКАС за Стоиљковиќ
Во комплексни временски услови, по студено време проследено со силни врнежи од дожд и влажен снег во финалните натпревари учество зедоа 30-тина кајакари кои во конкуренција на 100 натпреваривачи од 10 земји обезбедија настап во завршните трки...

Српскиот кајакар Душан Стоиљковиќ е победник на традиционалната кајакарска манифестација Икас што по 47-ми пат се одржа на патеката на реката Треска во СЦ Матка крај Скопје. Во комплексни временски услови, по студено време проследено со силни врнежи од дожд и влажен снег во финалните натпревари учество зедоа 30-тина кајакари кои во конкуренција на 100 натпреваривачи од 10 земји обезбедија настап во завршните трки.
Во дисциплината к-1 второто место зад Стоиљковиќ го зазеде нашиот кајакар Атанас Николовски,а трет беше Борче Мирчевски.
Во женска конкуренција во К-1 триумфира Викторија Ус од Украина пред Смирнова од Казахстан и Петровиќ од Србија,додека во Ц-1 во машка конкуренција најдобар беше Богдан Букара од Србија,второто место го освои казахстанецот Јеренгиапов,а трет беше Јовановиќ од Србија.
