Шефот на белгиската дипломатија во официјална посета на Македонија

06.04.2015 08:38

Покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а ќе одржи средба и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими...

Заменик премиерот и министер за надворешни работи на Кралството Белгија, Дидие Рејндерс, денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, на покана од шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.
 
Како што соопшти МНР, покрај средбата со неговиот домаќин Попоски, Рејндерс ќе биде примен од претседателот на државата Ѓорге Иванов, од премиерот Никола Груевски, а ќе одржи средба и со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими.  
 
Посетата е во функција на поттикнување нови можности за билатерална соработка, како и соработка на мултилатерален план, наведуваат од МНР.