Грција им вети на кредиторите дека навреме ќе го плати долгот
06.04.2015 08:47
По средбата со Варуфакис во Вашингтон, директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард синоќа изјави дека ја поздравува одлуката на Атина да ги плати своте долгови, чиј краен рок на доспевање истекува на 9 април...

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис вети дека Атина во текот на оваа недела ќе го исплати својот долг кон нејзините меѓународни кредитори.
По средбата со Варуфакис во Вашингтон, директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристин Лагард синоќа изјави дека ја поздравува одлуката на Атина да ги плати своте долгови, чиј краен рок на доспевање истекува на 9 април.
Варуфакис и јас разменивме мислења за тековната состојба и се согласивме дека во заеднички интерес е ефективно да соработуваме. Ние нагласивме дека одржувањето на нестабилната состојба не е во интерес на Грција, рече Лагард.
Таа истакна дека при разговорите добила уверување од Варуфакис дека Грција до 9 април ќе го исплати својот долг кон ММФ.
