Јагнешкото- трет извозен земјоделски прехранбен производ
06.04.2015 10:40
Јагнешкото е трет извозен земјоделски прехранбен производ во земјава. Годишно од него се добива скоро 13 милиони евра...

Овчарството е трето во извозот во земјоделско прехранбените производи. Во просек годишно се продаваат скоро 2.800 тони овчо и јагнешко месо, во вредност од 13 милиони евра.
Со воведувањето на субвенциите е сопрено и намалувањето на добитокот. Лани биле регистрирани 9.000 одгледувалишта, со скоро 800.000 животни од домашни раси.
Последниве години се увезувааат и високо млечни овци од расата Асаф кои се чуваат на шталски начин.
Методија Трајков
