Изложба на мозаици на Лиле Корубин во Куманово

06.04.2015 10:48

Мозаици во кои се слави животот, се чувствува енергијата на каменот, се препознава животот. Вака ја опишаа кумановчани изложбата на уметникот Лилјана Корубин која се претстави со 25 мозаици изработени од најразлични видови камења...

Секој мозаик крие своја приказна која го отсликува интимниот свет на авторката Лиле Корубин. Секое камче не е случајно ставено на неговото место и истовремено сите се во движење, имаат динамика. А сето тоа го симболизира животот. Сите мозаици го слават животот, полни се со љубов, со енергија.

Дојдов до идеја мојата креативност да ја искористам на овој начин и да создавам дела, односо мозаци кои се надевам ќе допрат до луѓето. Сите ние сме различни, но слични, сите чувствуваме, сите споделуваме, сите се радуваме“, изјави уметницата Лиле Корубин.

На изложбата беа претставени над 25 мозаици, во кои се комбинирани различни материјали од златен мозаик, венецијански смалти-мермер, гранит, морски и речен камен до стакленца „сваровски“.

Изложбата на мозаици ја организираше Уметничката галерија Куманово.

На наше и на огромно задоволство на публиката, дојдовме до идеја да ја организираме ова изложба и да ги донесеме овие фасцинантни мозаици. Како што вели самата авторка секој од мозаиците е приказна за себе и затоа верувам дека присутните овде успеале да ја пронајдат својата приказна, вели директорката НУ Музеј на град Куманово, Анита Цветановска.

Ова е 4-тата самостојна изложба на мозаици на истакнатиот моден креатор и мозаичар Лиле Корубин. Нејзините дела во Галеријата во Куманово ќе бидат поставени во наредните две недели.

 

Габриела Димковиќ