Земан „ги затвори вратите“ за американскиот амбасадор

06.04.2015 11:19

Лидерите на земјите од Европската Унија ја бојкотираат церемонијата што ќе се одржи во мај, поради руската улога во украинскиот конфликт...

Чешкиот премиер Милош Земан „ги затвори вратите“ за американскиот амбасадор. Го испровоцираа критиките на намерата Чешка делегација да присуствува на комеморацијата на Втората светска војна во Москва.

Лидерите на земјите од Европската Унија ја бојкотираат церемонијата што ќе се одржи во мај, поради руската улога во украинскиот конфликт.

Земан, кој повеќепати дејствуваше независно од европската политика, рече дека „чешкиот амбасадор во Вашингтон не би му кажувал на американскиот претседател каде да патува“.