Крушево прекрасно и без снег
Иако нема снег Крушево е преполно со туристи. Исполнети се 90% од сместувачките капацитети. Угостителите се презадоволни од тоа како поминале за празниците.
„За празниците поминавме феноменлано, гости имаше премногу“, вели Никола Здравески, угостител.
„Има доста викендаши, по се изгледа бидејќи времето во котлините е лошо, а тука има доста сонце и е многу убаво“, кажа Раде Лега, угостител.

Градот е преплавен со гости од цела Македонија.
Иако нема снег туристите постојано со жичарницата доаѓаат на ски терените на Станиќ, каде уживаат во прошетките низ шумата, вкусните крушевски специјалитети, планинскиот чај, топлата ракија, и вареното вино.
На ски терените врие како во мравјалник. Иако се инсталираше системот за вештачки знег за жал поради екстремно топлото време тој не може да функционира.
Се очекува туристичката сезона да продолжи со ова интензивно темпо.
„Имаше полно туристи во крушево, резервациите кои беа направени скоро сите ги реализиравме, немаше откажувања и немавме големи загуби“, истакна Мишко Христоски, угостител.
„Од нова година па се до денес постојано се зголемува бројот на гости, иако нема снег“, вели Жан Здравески, угостител.
Од општината велат дека Крушево го враќа стариот сјај, а тие постојано се трудат да ја збогатат туристичката понуда.
„Во најава е изградба на спортска сала, затворен базен и тениски игралишта“, изјави Нико Чонески, претседател на совет на општина Крушево.
Најавено е заладување во наредните денови и конечно тука да има снег, дали природен или пак вештачки, а со тоа да се комплетира оваа уникатна идила.