„Турски поток“ утре на маса во Будимпешта

06.04.2015 11:34

„Турски поток“ е проект на руски „Газпром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница...

Министрите за надворешни работи на Македонија, Унгарија, Србија, Грција и Турција утре во Будимпешта ќе ги разгледуваат перспективите за учество во проектот „Турски поток“.

На средбата ќе бидат разменети мислења за новата траса за снабдување на регионот со природен гас, како алтернатива на „Јужен поток“.

„Турски поток“ е проект на руски „Газпром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.

Русија лани во декември соопшти дека се откажува од проектот „Јужен Поток“ поради според официјална Москва неконструктивна позиција на Европската унија.