Заврши ја приказната и освој билет за Евровизија, Виена 2015!
06.04.2015 11:57
Даниел Кајмакоски ги поканува сите фанови да ја завршат приказната од официјалното видео за евровизиската песна „Autumn leaves“ и да освојат билет за првото полуфинале на 19-ти мај...

Македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски ги поканува сите фанови да ја завршат приказната од официјалното видео за евровизиската песна „Autumn leaves“ и да освојат билет за првото полуфинале на 19-ти мај, во Виена, да го бодрат во живо и да уживаат во заедничка средба со Даниел на 20-ти мај.
Повикот за фановите започна на 3-ти април, а ќе биде отворен се до 20-ти април.
Повеќе информации, правилa и начин на учество може да се најдат на следниот ЛИНК.
