Камерон и Милибанд со еднаква поддршка од гласачите
06.04.2015 13:39
Владејачките конзервативци на премиерот Камерон и опозициските лабуристи на Милибанд имаат еднаква поддршка од гласачите...

Еден месец пред општите избори во Велика Британија, анкетите покажуваат дека владејачките конзервативци на премиерот Камерон и опозициските лабуристи на Милибанд имаат еднаква поддршка од гласачите.
Резултатите не се менуваат веќе неколку месеци, и според експертите, ниедна од двете партии нема да може да формира влада сама.
