Зошто Заев одби да зборува со МРТ?

12.01.2014 17:41

Минатата недела во Брисел на средба со комесарот Филе беше раководството на СДСМ...

Минатата недела во Брисел на средба со комесарот Филе беше раководството на СДСМ , кое одби да даде изјави за постојаните дописници на Македонската ТВ со образложение дека не сакаат да ризукаваат и да одговараат на прашања. Интересно е дека на средбата мегу другото станало збор и за слобода на медиумите, тема за која токму тие се најгласните поборници.

Инаку ова се случува само десетина дена одкако председателот на СДСМ Зоран Заев пред  Нова година  имаше получасовно интервју во централните вести на Македонската ТВ, на кое се пожали дека токму јавниот сервис не им одстапува доволно медиумски простор. Македонската Телевизија изминатиов подолг период ги подигна техничките и професионалните стандарти на ниво на Европските и светските ТВ, развивајки ја мегу другото и дописничката мрежа во најзачајните светски центри со цел јавноста да има навремена, точна и целосна информација. Токму затоа непријатно изненадува реакцијата на раководставото на СДСМ во Брисел , кога се обидоа ако може да се каже инкогниото да остварат средба со Евроските преставници со цел да избегнат средба со повекегодишните дописници на Македонската ТВ. И покрај тоа што со канцеларијата за проширување на ЕУ беше договорено средбата да биде медимски проследена и освен класичното писмено соопштение – ресорниот портпарол даде изјава за Македонската ТВ, раководството на Социјалдемократскиот сојуз по речиси половина час убедување не се согласи на тоа. Напротив, како што ни беше речено ангажирале сопствен снимател, кој подоцна нивната изјава ќе ја дистрибуира до медимите.  Со вакавата постапка практично, паднаа во вода сите предвидиени прашања од средбата, како на пример дали станало збор и за некои предлози во врска со преговорите и решавање на дологодишниот спор за името. Следствено на тоа во јавноста беше сосема нормално да се појави одредено сомневање за оваа тема. Ваквото  невообичаено однесување на опозицијата која претендира освојување на власта во државата, мегу старанските новинари кои ги контактиравме во Брисел , се смета за без преседан . За МТВ тие  велат дека во своето искуство не паметат еден политичар од опозицијата да не сака да даде изјава за јавен сервис.

„Не всушност не ми се случило тоа. Но знам дека кога сте во опозиција, тешко е да се доближите до народот и до новинарите. Но лично не сум имал такво  специфично искуство“, изјави Јожиак.

Одбивањето да се комуницира со новинарите, затвореноста на институциите и политичарите спрема медиумите , не е европска вредност, која токму  тие се обидуваат да промовираат, напротив станува збор за евробирократизам, - смета дописникот за радио Слободна Европа Рикард Јожиак. Тоа е нешто што фрустрира, не само мене како новинар, туку и јавноста која очекува информации-изјави тој за Македонската ТВ.

„Во почетокот бев шокиран и лут, бидејки сметав дека ЕУ  институциите треба да бидат транспарентни и отворени, и да преставуваат пример како треба да функционираат, но после 5 години како дописник станав прилично циничен во врска со тие работи, вели Јожиак.  

Сепак, како што и самиот  вели, тој доага од Шведска каде свеста за односот со медиумите е на високо ниво.

 

Марина Тонева