Фудбал - Прва лига

Нема натпревар без значење во 23-то коло

06.04.2015 16:14

Металург и Пелистер се во црни серии. Откако беше поразена од Ренова со 2:0, екипата од Железарница нема победа шест меча и затоа само бод ја дели од местата што носат разигрување за опстанок. Уште полоша е ситуацијата на битолчани кои по поразот од Турново со 1:0, не се радувале 15 натпревари иако евентуален триумф би му се доближиле на Металург на четири бода...

Во 23-то фудбалско прволигашко коло ќе нема пресметка меѓу кандидатите за титулата, но нема ниту неважен натпревар. Со победата против Тетекс од 2:1, Работнички ја продолжи речиси седумесечната низа без пораз којашто трае 14 мечеви. Актуелниот шампион дојде на само бод негатива во однос на водечкиот Вардар пред дуелот со Силекс, кого сезонава го совлада на гости со 2:0, а во Скопје одигра 0:0. Кратовци се без триумф три меча и затоа се доближија до плеј -  аут позициите на пет бода.  Од натпреварите во вторник, Работнички и Силекс единствено ќе играат во 15 часот со пренос на МРТ1.

Металург и Пелистер се во црни серии. Откако беше поразена од Ренова со 2:0, екипата од Железарница нема победа шест меча и затоа само бод ја дели од местата што носат разигрување за опстанок. Уште полоша е ситуацијата на битолчани кои по поразот од Турново со 1:0, не се радувале 15 натпревари иако евентуален триумф би му се доближиле на Металург на четири бода.

Ист е притисок и на третиот утрешен дуел меѓу Турново и Брегалница. И двата тима се во црвената зона, со тоа што предноста на турновци е во шестте бода и во традицијата според којашто дома не загубиле ниту еднаш во десете меѓусебни дуели. Последните три првенствени меча на штипјани завршија без голови, меѓу кои и оној со Вардар.

Двата натпревара в среда директно ќе влијаат на горниот дел од табелата. Ако се исклучат двете нерешени по ред коишто не ги задоволуваат амбициите на лидерот, се е на страната на Вардар пред мечот со последнопласираниот Тетекс. Разликата од 40 бода, победите во сите седум меѓусебни дуели во Скопје и серијата од девет натпревари во коишто „штофарите“ немаат победа против црвено - црните.

За да остане во конкуренција за врвот, третопласираната Шкендија, по триумфот на гости против Силекс со 3:0 е под императив на нов успех и тоа против Ренова којашто на седумте последни меча има пет победи и две нерешени.