Ракомет

Шест вардарки во изборот на тимот на ЛШ

06.04.2015 16:15

Машкиот состав е во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а дамите го победија континенталниот првак Ѓер и со шест гола предност ќе патуваат на реваншот од оваа фаза од елитната клупска конкуренција...

За разлика од фудбалскиот, ракометниот бренд Вардар веќе доби европредзнак. Машкиот состав е во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а дамите го победија континенталниот првак Ѓер и со шест гола предност ќе патуваат на реваншот од оваа фаза од елитната клупска конкуренција.

А добрата сезона во којашто вардарки имаат реална шанса да се пласираат на завршниот турнир, вброи шест ракометарки во изборот на идеален тим на 2014-та/2015-та. Лејно е во конкуренција за најдобра голманка, Дембеле и Радичевиќ на позиција крило, Пенезиќ и Лекиќ како бекови и Алтхаус во категоријата за најдобра одбранбена ракометарка.