Станови за лица со ниски примања
Од утре корисниците на државните становите кои сега плаќаат кирија, а имаат ниски примања ќе можат да си ги купат. Барателот треба да е македонски државјанин, да нема долг по основ на закупнина, а неговото семејство да не поседува стан, куќа или деловен простор. Услов за да може да се откупи ваков стан е и лицето, неговиот брачен другар и членовите на неговото заедничко домаќинство да не примаат поголема плата од просечната.

„Значи ако живеат маж жена и две деца нивниот коефициент е 2, 1 се множи по просечната плата и тоа семејство не смее да ја надмине таа сума“ Изјави Миле Јанакиевски , министер за транспорт и врски
Месечната рата не смее да изнесува повеќе од 30 проценти од вкупните примања во заедничкото домаќинство.Становите ќе можат да се купат во готово или со уплата на 30 проценти од проценетатат вредност, а останатите средства да се иплатат на 240 рати.
Овие станови во кои сега живеат лицата со ниски примања и плаќаат кирија, ќе може да ги откупат за 20% поефтина цена од просечната.
Лицата кои не ги исполнуваат условите за откуп на овие станови ќе продолжат да ги користат со плаќање на закупнина. Цената ќе зависи од висината на вкупните приходи на семејството кое живее во станот. Во Македонија има 850 вакви станови во повеќе градови. Најмногу во Скопје и во Велес.
Ана Јосифоска