Претставени условите за вработување и практикантска работа пред студентите
Академската заедница директно ќе се запознае со можностите што бизнис секторот ги нуди на пазарот на трудот. 20-тина компании предги претставија условите за вработување и практикантска работа пред студентите...

20-тина компании од денеска до среда ќе ги претстават условите за вработување и практикантска работа пред студентите од техничкиот кампус. Преку директен контакт академската заедница ќе се запознае со бизнис секторот и можностите што ги нудат компаниите на пазарот на трудот.
Саемот за вработување и практика „Контакт 2015“ е во организација на четирите студенски парламенти од Техничките факултети во Скопје.
Ваквите средби се добра можност за студентите да ги реализираат желбите и да добијат одлично вработување, а компаниите да најдат соодветен инженерски кадар.
Студентите преку практиката се подготвуваат за директно влегување во производниот процес по завршувањето на студиите. Годишно на техничките струки се запишуваат над 1.200 студенти. Од нив дипломираат 50 проценти.
Сунчица Николоска
