Нов инвестициски бум!
Нови странски компании почнуваат бизнис во Македонија. Фабрики веќе градат италијански Диатек, германски Техникал Текстил и американската КСС. За годинава се очекува зголемување на бројот на вработени во слободоните економски зони за околу 13.000 луѓе ...

Нови компании се вселуваат во слободните зони годинава. Две италијански и една германска инвестиција ќе почнат бизнис во Македонија, најавени се нови 1.200 вработувања. Текнохозе ќе го добие италијанскиот сосед „Диатек“ кој ги отвора погоните и за почеток вработува двеста луѓе. До Џонсон Контролс во Штип стартува со работа фабриката на германски-Техникал Текстајлс и отвора 600 нови работни места.
Овој месец започнува изградбата на фабриката на американската компанија КСС, инвестиција вредна 15 милиони евра. Компанијата пред три месеци почна со браунфилд производството.
„Првата грпа на лица која ќе ја вработува изнесува 30, потоа ќе го зголемуваме бројот како што ќе расте производсвото. Суровините ќе ги увезуваме од странство, но почнуваме со истражувања за набавка на суровини од Македонија“, изјави Диего Мосна, сопственик на Дијатек.
Во вториот квартал од годинава уште три компании стартуваат со изградба на своите фабрики, меѓу кои и Гентерм. На пат за Македонија е и втората производствена линија на германски ОДВ Електрик, која веќе работи во Охрид. Ќе биде двојно поголема од првата, вели за МТВ, менаџерот Огнен Цубалевски.
„Очекуваме до септември да го дуплираме бројот на вработени. Бизнис планот што го договоривме со Владата на РМ се постигнува“, вели Огнен Цубалевски, менаџер на ОДВ Електрик.
Во наредниот период во Битола треба да се позиционираат турската фабрика за производство на земјоделска механизација, фабрика за чипс и американска компанија од аутсорсингот, котирана на Њујоршката берза која треба да отвори 2.000 работни места. Италијанската „Кондево“ донела одлука да инвестира во зоната во Штип.
Според статистиката на Народната банка, во 2014-та во земјава влегле странски инвестиции во вредност од над 262 милиона евра. За годинава се очекува зголемување на бројот на вработени во слободоните економски зони за околу 13.000.
Досега се отворени 138 илјади работни места во странските и домашни капацитети. Невработеноста од 38 проценти во 2006- тата се намалила на 27,6.
Дијана Ценевска
