Новите мерки за вработување поздравени од битолските работодавачи

06.04.2015 17:34

Активните и најавените олеснителни мерки за вработување поздравени од работодавачите. Ако само со олеснителниот пакет за лица до 29 години во изминатиов перид се вработија окулу 7.700 лица, со новиот сет мерки вратата се отвара и за оние во поодминати години...

Во услови кога имата лимитирани средства секоја помош за да вработите лице е добредојдена, вели Владимир Робевски сопственик на компанија од ИТ технологијата. Фирмата која пред пет години броеше само двајца, денеска работи со 35 млади лица. За ваквата висока стапка придонесоа и актуелните олеснителни мерки што ни беа ставени на располагање, вели Робевски.

„Преку олеснителниот пакет за вработување на лица до 29 години во изминатиов период работа кај нас добија шест ливца и со новите сет мерки очекувам полесно да се дојде до посакуваниот кадар“, вели сопственикот Владимир Робевски.

Само по овој основ во земјава работа најдоа 7.700 млади луге. Нада Јовановска која по над 30 години стаж како стечаен работник останала без работа надежта ја гледа во новонајавените стимулативни мерки.

„Добри се олесмителните мерки и за невработените до 35 години, а посебна надеж добиваат и оне што се поодминати години“, вели битолчанката Нада Јовановска.

Македонија има структурна невработеност, па токму преку овие мерки и обуките може да се надминат пречките за дирекно вработување

„Работодавачите ќе бидат стимулирани и до пет години да немаат давачки за осигурување, а од друга страна иако во поодминати години тука има многу стручни луге кои моќат да придонесат“, вели директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски.

Во моментов течат неколку огласи за обуки и доквалификации. Доколку работодавачите сакаат да искористат некој од олеснителните мерки треба да аплицираат до крајот на месецов.

 

Стевче Митревски