Заев објави нови прислушувани разговори

06.04.2015 17:40

Со ваквите материјали Заев и СДСМ повторно се обидуваат да внесат дестабилизација овој пат и преку Хашките случаи. За нив имаше повеќенделна јавна дискусија, а се разговараше и во Собранието...

Лидерот на Социјал- демократите Зоран Заев денеска објави нов сет на прислушувани аудио материјали. Беа пуштени 10-тина разговори во кои се зборува за автентично толкување на законот за амнестија и Хашките случаи.

Беа презентирани разговори од од министри, заменици министри, но и од премиерот и претседателот на Собранието. Со ваквите материјали Заев и СДСМ повторно се обидуваат да внесат дестабилизација овој пат и преку Хашките случаи. За нив имаше повеќенделна јавна дискусија, а се разговараше и во Собранието.

Зоран заев соопшти дека за време на велигденските празници нема да објавува аудио материјали како почит за празникот. Но, со проектот, како што го нарекува „Вистината за Македонија“ ќе продолжи.

 

Миле А. Ристески