Натпреварот Вардар-Кјелце во Скопје ќе го судат Романци
Судиите се секогаш во фокусот, но од нив се очекува да бидат на нивото на предизвикот и на овој македонско-полски двобој на гигантите...

Богдан Николае Старк и Ромео Михаи Штефан е романската судиска двојка која ќе арбитрира на првиот четвртфинален дуел од ЛШ во Скопје меѓу Вардар и Виве Кјелце.
Судиите се секогаш во фокусот, но од нив се очекува да бидат на нивото на предизвикот и на овој македонско-полски двобој на гигантите.
Особено сега во ситуација кога кога победниците од двете битки во ¼ финалето обезбедуваат место на Ф4 турнирот во Келн.
Романците Старк и Штефан оваа сезона не му суделе на Вардар, додека актуелниот полски првак Виве Кјелце ги памети по домашниот триумф со 36-32 во групната фаза над осминафиналистот во ЛШ, Данкерк на 14 февруари оваа година. Интересно, на тој натпревар домаќинот имал 14 минути исклучувања а гостите само 4 минути биле со ракометар помалку.
Македонската ракометна јавност се сеќава на Старк и Штефан и како делители на правдата на дуелот Македонија-Чешка, 24-24, на ЕП 2014 во Данска.
