Средношколскиот пленум ја бојкотира наставата

06.04.2015 17:48

Средношколскиот пленум делумно ја бојкотира наставата во неколку училишта во Скопје и Куманово. Тие бараат да се врати стариот модел на полагање на државна матура, а во мирување да се стави екстерното тестирање...

Учениците да се вратат на настава, а бојкотот да прекине- апел од министерот Адеми до Средношколскиот пленум. Тој уверува дека ќе оствари средба со нив во текот на наредната недела.

Средношколскиот пленум делумно ја бојкотира наставата во неколку училишта во Скопје и Куманово. Тие бараат да се врати стариот модел на полагање на државна матура, а во мирување да се стави екстерното тестирање.

Од Унијата на средношколци го обвинија Средношколскиот пленум дека е нелегитимна и политички мотивирана група која манупулира со учениците, а со тоа му нанесува штета и на образованиот процес. 

Родители велат дека со бојкотот на наставата им се прави штета на нивните деца затоа што тие ќе треба да ги надоместуваат изгубените часови.

Минатата недела Средношколската унија и Министерството за образование договорија математиката да не биде задолжителна во матурата. Пленумот се изјасни дека е против реформите во образованието.

 

Викторија Тодоровска