Аналитичари: СДСМ продолжува со намерите за дестабилизација
Tие ги повторуваат методите на дејствување од 2001-та година за да внесат немир и тензија за работа за која веќе имаше јавна дискусија, а законот за амнестија година потоа беше донесен со консензус...

„Објавување на телефонски разговори поврзани со Хашките случаи се уште еден доказ дека намерата на СДСМ е да направи дестабилизација на земјата“ - велат аналитичарите.
Според нив, тие ги повторуваат методите на дејствување од 2001-та година за да внесат немир и тензија за работа за која веќе имаше јавна дискусија, а законот за амнестија година потоа беше донесен со консензус.
Констатираат и дека нема логика тезата на поддржувачите на опозициската политика дека Македонија не треба да соработува со Израел затоа што таа земја е непријател на муслиманскиот свет, а нашата држава е мултирелигиска.
„Политиката не се води според верски, туку според државни интереси“ - заклучуваат тие.
„Аналитички гледано се игра на едн шаблон во кој ќе се вклучуваат надворешни фактори а се со цел да се прикаже дека состојбата во Македонија не е добра и дека се вклучени надворешни фактори. Опасноста е поголема, се сомневам дека раководставото на СДСМ неможе да го согледа тоа... туку одат во насока дека треба да одат понатаму. Со тоа нема да се наштети на ВМРО ДПМНЕ, туку долгорочно се наштетува на Република Македонија“, смета аналитичарот Оливер Андонов.
Премиерот Груевски на последниот собир во Тетово рече дека Заев свесно сака да ги саботира односите со пријателските земји.
„Израел донираше 5,7 милиони евра помош за македонската полиција, за македонските специјални сили, а тоа што овој кловн го говореше е класична лага во која веќе и неговите соработници се уверија па мораат да го перат сега на различен начин. И уште еднаш ќе порачам и на овој експертот за делење тендери на браќата, братучедите, стрините и чичковците, но и на неговите налогодавачи, Македонија ќе ги продолжи проектите со Кина, затоа што тие се за доброто на Македонија, и ние како влада, ќе продолжиме генерално со проекти кои значат изградба на нова инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните“, потенцираше Груевски.
МВР работи на изготвување кривична пријава за оддавање државна тајна за четвторосомничениот во случајот „Пуч“. За ваквото дело во законот е пропишана затворска казна и до 10 години.
Наташа Гркова- Петрушевска
