Пет македонски репрезентативци во четвртфиналето на ЛШ

06.04.2015 18:27

И Македонија има свој адут во ВИП ракометната конкуренцијата, но статистички сме далеку од конкурентни, иако имаме шанси за историски исчекор во Европа...

Комплетната европска ракометна елита е содржана во најдобрата европска клупска осумка во ЛШ и оваа сезона. Убедливо најмногу има репрезентативци на Хрватска. Дури 40 ракометари на „коцкестите“ се дел од четвртфиналистите во престижната лига, што не треба да зачудува, зашто изненадувачки дел од елитното друштво е и екипата на Загреб. 
 
Унгарија претставувана од пвакот Веспрем и од Пик Сегед е второпласирана со 30 нивни претставници, пред Шпанија ( Барселона) и Франција (ПСЖ),  кои даваат по 24 ракометни репрезентативци во четвртфиналниот последен филтер пред Ф4 турнирот во Келн. 
 
И Македонија има свој адут во ВИП ракометната конкуренцијата, но статистички сме далеку од конкурентни, иако имаме шанси за историски исчекор во Европа. 
 
Во Вардар играат четири македонски репрезентативци – Филип Лазаров, Петар Ангелов, Стојанче Стоилов и Немања Прибак. Бројката од пет репрезенативни играчи се формира кога ќе го додадеме „бомбардерот“ на нашата селекција и на Барселона, Кирил Лазаров. 
    
Делува шокантно фактот што само девет Германци се во завршницата од кои осум од ракометниот џин Кил, плус Кристијан Цајц од Веспрем. Дури и Србија има еден репрезентативец повеќе од нив, иако нема свој преставник во четвртфиналето.