Земјите од ЕУ не се имуни на ситуации во кои политичари соработуваат со странски служби
Експерти во Брисел, за МТВ објаснуваат во кои случаи има оправдување, а во кои домашното судство се справува со нив...

Соработката со странските разузнавачки служби е прифатлива во развиените демократии, но само и единствено кога е во интерес на зачувување на безбедноста и националните интереси на државата, се останато се санкционира во зависност од правниот систем во земјата. Ова за МТВ го потврди долгогодишниот аналитичар Метју Далтон, експлицирајќи во врска со последниот случај што ја потресе Европската Унија.
„Неодамна имавме пример во ЕУ, европратеник од Унгарија, од радкалната десница беше обвинет од страна на Унгарскиот обвинител дека шпионирал за Русија. Европскиот парламент во моментов размислува да му го укине имунитетот, но целиот спор ќе го водат властите на Унгарија“, објаснува Далтон.
Економските интереси се причина број еден за корумпирање, чии предмет барем во Брисел доста често се политицките процеси. Да потсетиме тоа беше мега скандалот со поранешниот известувач за Р. Македонија, словенечкиот пратеник Зоран Талер.
„Така во нашиот случај кога пред две три години ја откривме таа афера им пријдовме на околу сто пратеници со исто барање, мал дел прифати преговарање, а многу мал дел прифатија да бидат корупмирани. Тоа беа претежно пратеници од Романија, Словенија, Австрија. Во Австија бесе осуден, а во Словенија слушам дека пратеникот се спогодил“, вели Бојан Панчевски.
Така е во Европа, без мешање на меѓународната заедница. Казните се строги и во секој случај дотичната лицност, плаќа со својата политичка кариера.
Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ
