Во Будимпешта- министерски состанок за „Турски поток“

07.04.2015 08:39

Предвидено е земјите- учеснички на состанокот да усвојат Декларација за зајакнување на меѓусебната енергетска соработка...

Министрите за надворешни работи на Македонија, Унгарија, Србија, Грција и Турција денеска во Будимпешта ќе ги разгледуваат перспективите за учество во проектот „Турски поток“.

На средбата ќе бидат разменети мислења за новата траса за снабдување на регионот со природен гас, како алтернатива на „Јужен поток“.

Предвидено е земјите- учеснички на состанокот да усвојат Декларација за зајакнување на меѓусебната енергетска соработка.

„Турски поток“ е проект на руски „Гаспром“ за пренос на гас преку Црно Море до Турција и од таму до турско-грчката граница.

Русија лани во декември соопшти дека се откажува од проектот „Јужен Поток“ поради, според официјална Москва, неконструктивна позиција на Европската унија.