Алпско скијање

Хиршер нов лидер во Светскиот куп

12.01.2014 21:37

Марсел Хиршер со двојна радост го остава зад себе викендот во Аделбоден. 24 годишниот Австриец ја потврди фаворитската улога во денешниот слалом, истовремено пробивајќи се на лидерското место во генерален пласман во Светскиот куп. Имаше најдобро време по првото возење, предност доволна за завршна радост. Ова е 22 победа на Хиршер во кариерата во Светскиот куп, 4-та во годинешнава сезона. Втор на целта беше Андре Мурер од Швајцарија со 29 стотинки послаб резултат од победникот. Трет беше Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 66 стотинки заостанување.

Марсел Хиршер со двојна радост го остава зад себе викендот во Аделбоден. 24 годишниот Австриец ја потврди фаворитската улога во денешниот слалом, истовремено пробивајќи се на лидерското место во генерален пласман во Светскиот куп. Имаше најдобро време по првото возење, предност доволна за завршна радост. Ова е 22 победа на Хиршер во кариерата во Светскиот куп, 4-та во годинешнава сезона. Втор на целта беше Андре Мурер од Швајцарија со 29 стотинки послаб резултат од победникот. Трет беше Хенрик Кристоферсен од Норвешка со 66 стотинки заостанување. Во редоследот во слалом за Светскиот куп води Хиршер со 280 поени, пред Харгин од Шведска со 220 и Марио Мат од Австрија со 200 поени. По денешниот успех во Аделбоден, Марсел Хиршер со 675 поени изби на чело во генералниот  пласман за Светскиот куп, пред Норвежанецот Аксел Лунд Свиндал со 652 и Американецот Тед Лигети со 333 поени.

Следниот викенд машкиот дел од „белиот карван“ се сели на познатите патеки во Венген.