Фудбал во зимски амбиент
Еден час порано од вообичаениот термин, на „Филип Втори Арената“ во Скопје ќе истрчаат фудбалерите на Работнички и Силекс...

Студено време, снег, тешки калливи терени е амбиентот во кој денеска продолжуваат натпреварите од Првата македонска фудбалска лига.На програмата е 23-то коло со двојки интересни, но без „големо“ дерби. Еден час порано од вообичаениот термин, на „Филип Втори Арената“ во Скопје ќе истрчаат фудбалерите на Работнички и Силекс.
Меч кој ќе се одигра пред телевизиските камери. Вториот скопски дуел ќе е на „Борис Трајковски“ меѓу Металург и Пелистер.Во Турново ќе се соочат Хоризонт и Брегалница, екипите од „црвената зона“ на табелата.Соседското дерби Шкендија-Ренова е презакажано за утре! Снежната покривка на стадионот во Тетово го оневозможи денешното надигрување. Утре во Скопје е мечот меѓу првиот и последниот, Вардар против Тетекс.
Прва лига:23 коло
Вторник:
15.00 Работнички-Силекс МТВ пренос
16.00 Металург-Пелистер
Хоризонт-Брегалница
Среда:
16.00 Вардар-Тетекс
Шкендија-Ренова
Табела:
1.Вардар 49
2.Работнички 48
3.Шкендија 40
4.Ренова 36
5.Силекс 30
6.Металург 26
7.Хоризонт 25
8.Брегалница 19
9.Пелистер 19
10.Тетекс 9
