Дјук и Кжижевски, повторно

07.04.2015 11:12

Тајус Џонс беше избран за МВП на турнирот, постигна 23 поени. Џалил Окафор, за кој што се предвидува дека ќе биде прв пик на еден од следните НБА драфтови, имаше проблеми со личните грешки и реализира за него скромни 10 поени со 3 скокови...

Дјук е новиот НЦАА шампион, по триумфот над Висконсин, 68:63. Ова е 5-та титула за Блу Девилс и зад сите на овој колеџ, стои името на тренерот Мајк Кжижевски.

Тајус Џонс беше избран за МВП на турнирот, постигна 23 поени. Џалил Окафор, за кој што се предвидува дека ќе биде прв пик на еден од следните НБА драфтови, имаше проблеми со личните грешки и реализира за него скромни 10 поени со 3 скокови.

Главна карактеристика на оваа титула на американскиот селектор, беше содржината на составот со кој што стигна до трофејот на колеџ фајнал-форот. Тој што во минатото играше со строго проверени имиња, сега се радуваше со дебитанти. 60 од вкупно 68-те поени и сите поени на Дјук во второто полувреме, беа постигнати од 4-ца руки.

На вечната тренерска листа, само Џон Вуден кој што има 10 од рекордните 11 титули на УЦЛА, е погоре од Кжижевски. Со годинешната победа, претходно во 91-та, 92-та, 2001-та и 2010-та, Дјук се изедначи на колеџ листата со Индијана и со Северна Каролина, зад 8-те пехари на второпласираниот Кентаки.

Висконсин играше во првото финале по 1941-та година.

Синоќа се играше и еден меч во НБА лигата, одложен поради лошите временски услови на 26-ти јануари, во кој што Бруклин славеше против Портланд со 106:96.

Во дуелот на браќата близнаци во рекетот, Брук Лопез го надигра Робин со 32:8 во постигнати поени. Дерон Вилијамс додаде 24 поени со 10 асистенции за Нетс, кои што се зацврстија на 7-та позиција на Истокот, со 9-та победа на последните 11 средби.

Следниот натпревар, Нетс го играат против Атланта на Перо Антиќ, екипа што во претходното соочување, во саботата, им ја прекина серијата од 6 победи. Во меѓувреме, во 1:30 по полноќ, Хокс ќе одиграат против Феникс.